Тренерот на Панатинаикос, Дејан Радоњиќ, имаше одлично враќање на теренот на неговиот поранешен клуб Црвена звезда откако грчкиот тим во драматичен меч со 77:75 ја забележа првата победа во новата сезона од Eвролигата.
Во меч во кој двата тима не успеаја да се одвојат пред во финишот на мечот, Матеуш Понитка да се покаже како клучен кошаркар за гостите откако Звезда пропушти предност од 5 поени во последната четвртина, а полскиот репрезентативец го врати ПАО во игра. Нестабилната игра на Звезда ја искористи Понитка, кој украде топка и поентира за 75:73, што се покажа како доволно за победа.
Бентил беше најдобар за Звезда со 18 поени и 6 скока, а кај Звезда, Хасан Мартин заврши со 12 поени, за грчкиот тим Мариус Григонис имаше 17, а Артурас Гудаитис имаше 12 поени.
Драматично беше и во Монако, каде што домашниот тим успеа да стигне до својата втора победа во првите два меча совладувајќи го шампионот Анадолу Ефес со 95:92 во продолженија и покрај тоа што Василије Мициќ беше најдобар играч на теренот со 20 поени, 6 скока и 4 асистенции.