Утрински Весник
Македонија

Манев: „Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме“, откако виделе дека Вања е девојче, а не жена

Sudewe vanja.png

Горан Бошевски, адвокат на обвинетиот Велибор Манев, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кои завршни зборови дава одбраната, истакна дека неговиот штитеник од првообвинетиот Љупчо Палевски добивал инструкции за грабнувањето на велешкиот пензионер со кого се познавал од претходно. Манев и Боре Видевски претходно ја имале ископано земуницата, каде подоцна тој на полицијата му откри дека е закопан убиениот Жежовски.

За денот на грабнувањето на Жежовски


Палевски преку „моторола“ им кажал да влезат. Влегол прв Маневски и го турнал Жежовски додека Палчо го земал телефонот, кој подоцна го фрлил во долот. Неспорно е дека грабнувањето на Панче е во ден среда. Двете возила тргнале кон земуницата. Го изнеле Панче, го спуштиле. Велибор се наведнал и во тој момемт го видел Палчо како пука кон Панче.

Кога го прашал зошто го направил тоа, Палчо му рекол: „Да не расипуваме сега пријателство“.

За грабнувањето на Вања

Боре ѝ го исклучил мобилниот на девојчето. Кога стасале, Палевски ја извадил и ја сликал. Палевски зборувал со некого на телефон. Кога ја извадиле лентата виделе дека е девојче и му рекле да ја пуштат оти е грешка.

„Носиме маски нема да не познае, да ја пуштиме“, му предложил Манев на Палчо.

Но, Палевски го зел пиштолот и го убил девојчето. Отишол до неговото возило, извадил копач и лопата и им ги дал да копаат дупка, објасни во завршните зборови адвокатот Бошевски.

Можете да прочитате

Министерството за јавна администрација потпиша Меморандум за соработка со Министерството за јавна администрација на Црна Гора

Исплатени над 340 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

„Филипче е срам за Македонија, наместо да ја кодоши државата, треба да биде во линија со националните интереси“, вели Петрушевски