Утрински Весник
Спорт

Манев и Адана убедливи против Осијек во Конференциската лига

Манев и Адана убедливи против Осијек во Конференциската лига

Македонскиот репрезентативец Јован Манев беше стартер во тимот на Адана Демирспор која оствари убедлив триумф (5:1) против Осијек во квалификациите за Конференциската лига. Турскиот тим е на чекор до пласман во плеј-офот од ова натпреварување, иако следи и реванш во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Шериф Ндаје беше двоен стрелец, а погодија и Свенсон, Сари и Јусуф, а единствениот гол за Осијек го постигна Гржан. Во 80.минута Нани не реализира пенал за Адана.

Милан Ристовски влезе во игра како замена во 68.минута за Спартак Трнава на гостувањето кај Лех Познањ. Полскиот тим славеше со 2:1.

Од останатите резултати, Ференцварош оствари убедлива победа (1:6) на гости кај Хамрун во Малта, а белгискиот Клуб Бруж со 5:1 го победи исландскиот претставник Акурејри.

Плзен со 4:0 славеше против Гзира. Фенербахче го победи Марибор со 3:1.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026