Утрински Весник
Спорт

Манчини го критикува новиот формат на СП

Манчини го критикува новиот формат на СП
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанскиот селектор Роберто Манчини го критикуваше форматот на Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Канада, Мексико и САД.

dobivaj vesti na viber

За прв пат во историјата на СП 2026 ќе учествуваат 48 репрезентации кои ќе бидат поделени во 12 групи со по четири репрезентации.

Пласман во нокаут фазата на Светското првенство ќе изборат по две најдобри селекции од секоја група и осумте најдобри третопласирани репрезентации.

„Не ми се допаѓа новиот формат на Мундијалот. Верувам дека треба да играме помалку натпревари, а не повеќе. Играчите немаат одмор и на натпреварите ќе доаѓаат уморни“, изјави Манчини.

На следното Светско првенство во 2026 година ќе се одиграат вкупно 104 натпревари.

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја