Манчестер јунајтед имаа одличен старт на 2023 година, со титула од Лига купот и елиминација на Барселона во Лига Европа, но гостувањето на „Енфилд“ повторно се покажа како кошмар за тимот на Ерик Тен Хаг, губејќи со неверојатни 7:0.
Најголемото англиско дерби започна со наелектризирани први 30 минути, во кои двата тима имаа свои шанси, пред во 43. минута од мечот, Коди Гакпо, Холанѓанецот кого Манчестер јунајтед решија да не го земат да ги казни за 1:0.
Второто полувреме, пак, беше целосно во знакот на тимот на Ерик Тен Хаг. Само што започнаа вторите 45 минути, Дарвин Нуњез постигна гол за 2:0 во 47. минута, за три минути подоцна Гакпо со прекрасен гол да зголеми на 3:0. Ако постоеја некакви надежи за враќање на Јунајтед, тие беа уништени во 66. минута, кога Мохамед Салах продолжи со својата традиција за постигнување голови против лутиот противник со убав гол, за во 75. минута, Нуњез да стави сол на раната на гостите со нов гол за 5:0.
Мохамед Салах во 83. минута го постигна и шестиот гол за да потврди дека е најдобриот стрелец на Ливерпул во Премиерлигата со 134 гола, за потоа и замената Боби Фирмново 88. минута да забие за 7:0.
Манчестер јунајтед останува на третото место на табелата со 49 поени, додека Ливерпул се доближува до топ 4 пласман со 42 поени, три поени зад четвртопласираните Тотенхем.