Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед стапил во контакт со Кејн

Манчестер јунајтед стапил во контакт со Кејн

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн би можел конечно да го напушти лондонскиот клуб следното лето. Газдата на Тотенхем, Даниле Леви, ја одреди цената за Кејн, таа изнесува 110 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Манчестер Јунајтед повторно ќе се обидат да го донесат Кејн на „Олд Трафорд“. Минатата сезона не успеаја во своите намери.

Клубот е убеден дека Кејн би можел да одлучи да си замине доколку Тотенхем не успее да се пласира во Лигата на шампионите. Расположението во Јунајтед дополнително се зголемило откако преку своите контакти добиле позитивни сигнали од Кејн.

Тотенхем моментално се четврти, но до крајот на сезоната за место во Топ 4 ќе се борат со Њукасл и Ливерпул.

Договорот на Кејн со клубот истекува во летото 2024 година, а од клубот стравуваат дека би можеле да го загубат без обештетување доколку не го продадат следното лето.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ