Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед се договорија со Челси за Маунт – 55+5 милиони фунти!

Манчестер јунајтед се договорија со Челси за Маунт – 55+5 милиони фунти!

Манчестер јунајтед, конечно, го осигураа првото засилување во летниот преоден рок, договрајќи се со Челси за трансфер на Мејсон Маунт за договор кој вреди 55 милиони фунти и 5 милиони фунти бонус, јавуваат повеќе англиски медиуми.

dobivaj vesti na viber

Маунт доби дозвола да отиде на медицински тестови, откако личните услови веќе се договорени. Тој ќе потпише договор со „ѓаволите“ до 2028 година со опција за уште една сезона. Ова доаѓа откако Челси одби три претходни понуди од Јунајтед.

24-годишниот Маунт има уште една година од договорот со Челси, но одбиваше да потпише нов договор со лондонскиот клуб барајќи да замине токму во Јунајтед. Тој произлезе од академијата на Челси, и има 195 настапи за клубот, поминувајќи две сезони како позајмен играч во Витесе во Холандија и Дерби каунти од 2017 до 2019 година.

Тој треба да го замени ветеранот Кристијан Ериксен како партнер на Касемиро во средината на теренот.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина