Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед испратиле понуда за Гризман

Манчестер јунајтед испратиле понуда за Гризман

Антоан Гризман во зимскиот преоден рок би можел да го напушти Атлетико Мадрид. Гризман беше еден од најдобрите играчи на Франција на Светското првенство во Катар.

dobivaj vesti na viber

Атлетико, во октомври го откупи договорот на Гризман од Барселона за 20.000.000 евра, сега клубот би можел да заработи три пати поголема сума.

Англиските медиуми тврдат дека Манчестер јунајтед испратил понуда од 60.000.000 евра за францускиот репрезентативец.

Манчестер јунајтед, има намера да донесе нов играч на местото на Кристијано Роналдо, чии договор беше раскинат откако јавно ги критикуваше челниците и тренерот Ерик тен Хаг.

Грзиман од почетокот на сезоната одигра 21 натпревар за Атлетико, постигна шест гола и забележа пет асистенции.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027