Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Манчестер Јунајтед испратил понуда до Барселона за Маркос Алонсо

Манчестер Јунајтед испратил понуда до Барселона за Маркос Алонсо
300x250 opst2

Манчестер Јунајтед и официјално испратил понуда за позајмица на искусниот лев бек на Барселона, Маркос Алонсо, информира каталонски „Спорт“. Шпанецот сакаше да остане на „Камп Ноу“ оваа сезона, а Чави Ернандез го увери дека ќе има солидна улога во тимот. Сепак, оваа понуда од Јунајтед најверојатно ќе ја промени ситуацијата.

dobivaj vesti na viber

„Црвените ѓаволи“ бараат краткорочна замена за повредениот Лук Шо. Од друга страна, Тајрел Маласија ги пропушти претсезонските тренинзи и сѐ уште се опоравува од повредата заработена на крајот од минатата сезона.

На саботниот меч со Нотингем Форест, Диого Далот стартуваше како лев бек. Вчера излезе информација дека клубот од „Олд Трафорд“ испратил барање до Челси за позајмица на Марк Кукурелја. Во моментов, сепак, 32-годишниот Алонсо е очигледно поактуелна опција.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица