Манчестер јунајтед и Барселона се заинтересирани за 21-годишниот играч од средниот ред на Бенфика, Енцо Фернандез, тврди португалскиот „Рекорд“. Според овој извор, Барселона во Фернандез гледа идеална замена за капитенот Серхио Бускетс. Од друга страна Манчестер јунајтед му бара партнер на Каземиро, бидејќи Мектоминеј и Фред играат во променлива форма.
„Несомнено, Енцо Фернандез стана едно од откритијата на Лигата на шампионите. Аргентинскиот играч за врска предизвика восхит поради начинот на кој ја води играта. Се покажува дека неговата цена ќе биде висока затоа што нема многу такви играчи“, пишува каталонски „Спорт“.
Овој извор и претходно пишуваше дека Барселона го следи развојот на Фернандез во уште додека тој беше во Ривер Плата. Минатото лето за сума од 12.000.000 евра тој се пресели во Бенфика.
Според „Трансфермаркт“, Фернандез вреди 35.000.000 евра. Неговата откупна клаузула изнесува 120.000.000 евра.
Наводно и Ливерпул е заинтересиран, но се уште не направил конкретен потег околу трансферот. Договорот на Фернандез е до 2027 година. Со Бенфика ја освои групата Х од Лигата на шампионите пред ПСЖ и Јувентус. Аргентинецот од почетокот на сезоната на 23 натпревари постигна три гола и забележа четири асистенции.