Утрински Весник
Спорт

Манчестер сити му гостува на европскиот првак

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Фудбалерите на Реал вечерва во Мадрид од 21 часот го пречекуваат тимот на Манчестер Сити во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

Реал е актуелен шампион на Европа, а пред три дена го освои и Купот на кралот откако ја совлада Осасуна со 2:1. Клубот од Мадрид е на третото место во поредокот во Ла Лига со 68 бодови.

Манчестер Сити е во одлична форма, а моментално е на првото место на табелата во Премиер лигата со 82 бода.

Реал и Манчестер Сити минатата сезона играа во полуфиналето на Лигата на шампионите. Англискиот клуб победи со 4:3 во првиот меч, а реваншот во Мадрид, го доби Реал со 3:1 по продолженијата и се пласираше во финалето, каде подоцна го победи Ливерпул со 1:0.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти во својата тренерска кариера четири пати го освојуваше трофејот во Лигата на шампионите, два трофеи во кариерата има Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Реваншот меѓу Реал и Манчестер Сити ќе се одигра за осум дена во Англија.

Милан и Интер утре ќе се сретнат во второто полуфинале во Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина