Утрински Весник
Македонија

Манастирот Св. Јоаким Осоговски доби противпожарно возило од Шведска за заштита од летни пожари

Screenshot 20250612 214846 gallery.jpg

Манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ крај Крива Паланка набави противпожарно возило, кое ќе се користи за гасење на пожари во манастирскиот комплекс и неговата околина, кои особено преку лето претставуваат реална закана. Возилото е обезбедено со помош на Кумановско-Осоговската епархија на МПЦ-ОА, а донацијата пристигна од Шведска.

Од манастирот информираат дека објектот е сместен во планински предел и опкружен со густа шума, а пристапот до него е тежок поради тесниот пат, што ја прави оваа донација особено значајна за брза интервенција во случај на опасност.


„Сведоци сме, за жал, дека во претходните години имаше два фатални пожари на манастири во Македонија – на Бигорскиот и на Трескавец. Затоа ова возило претставува значителна превентивна мерка“, соопштија од манастирот.

Црквата во манастирскиот комплекс е изградена помеѓу 1847 и 1851 година од прочуениот мајстор Андреја Дамјанов, со средства од верниците од Крива Паланка и околината. Манастирот претставува едно од најзначајните духовни и културни светилишта во државата.

Можете да прочитате

„Екоцид, корупција и криминал“ – жесток статус на Миноски за состојбата во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокризија кај СДСМ, наутро сеат страв, навечер се журкаат во парк

Изет Меџити не знае за одговорност, знае само за личен интерес, велат од ДУИ