
Прес-конференција на Валентин Мансиевски од ВМРО-ДПМНЕ:
За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ.
Чуварот на фотелјата Заев, Венко Филипче ја фрла СДС во бунар без дно, слушајќи ги советите на екс советникот на Заев во владата, Башановиќ и неговиот партнер Шчекиќ.
Молкот за средбите на Филипче во Ниш и во Грција со Башановиќ и Шчекиќ е чист доказ дека Заев му ги средува и ден денес работите, само за да му ја чува фотелјата, и тој да управува со него.
Без двоумење Филипче за да ја спаси својата политичка кариера, каква таква, безусловно ги слуша наредбите на Башановиќ и Шчекиќ и ги презентира во јавноста.
Лажни вести, манипулации и клевети се трите основни постулати на кои се води ПР тимот на СДС предводен од Башановиќ.
Од некогаш големата СДС, Заев со Ковачевски и Филипче успеа партијата и со нивните лоши политики да ја тоне без да може никој да ја спаси.

