Утрински Весник
Македонија

Манасиевски: Ги градиме темелите на економијата, доаѓа времето на Македонија

Manasievski 27.06.jpg

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,


Измина една година од формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа прва година, наш главен фокус и приоритет беше економијата, која се базира на факти, долгорочни политики и јасна визија за иднината.

Кога ја презедовме одговорноста, наследивме економија во пад, со висока инфлација, зголемен јавен долг и демотивирана деловна заедница. Денес, состојбата е поинаква. Економијата почна да заздравува и да се стабилизира.

Инфлацијата е ставена под контрола изнесува околу 3%. Обезбедивме финансиска поддршка од 500 милиони евра – 250 милиони евра за домашните компании и 250 милиони евра за општините, за реализација на капитални проекти и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Во првиот квартал од оваа година, БДП порасна за 3,2%. Според овие податоци, Македонија се наоѓа на 4-то место во Европа според растот на БДП – веднаш зад Ирска, Данска и Полска.

Исто така, оваа година забележавме рекордно ниво на странски директни инвестиции, 1 милијарда и 255 милиони евра. Платите растат. Забележливо е зголемување на платите во јавната администрација, здравството, образованието, културата и полицијата.

Ја стабилизиравме и фискалната состојба. Целосно е отплатена еврообврзницата издадена во 2018 година во вредност од 500 милиони евра. Првпат по седум години, јавниот долг е намален. Истовремено, буџетскиот дефицит е намален за 4% од БДП.

Почитувани,

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на создавање на силна, стабилна и конкурентна економија. Продолжуваме со мерки и проекти што носат резултати, развој и подобар живот за сите граѓани.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.

Можете да прочитате

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Превентивна кампања за повозрасните – „Внимавај телефонски измами”

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда