Утрински Весник
Македонија

Манасиевски: Филипче е должен да одговори колку пари има инвестирано во Дубаи за да добие златна виза

Manasievski 28.12.2025.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ:

За добивање златна виза во Дубаи потребна е минимум инвестиција од 500.000 долари, недвижност или бизнис. Оттука, јавноста има право да добие јасен одговор дали Венко Филипче ја добил визата поради инвестиција од најмалку 500.000 долари, поради недвижност или бизнис?

Венко Филипче досега не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали токму тоа е основата за добивање на златна виза. Наместо молк, потребни се факти и документи.

Сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Заев, кој изјави дека ја видел 42-катницата изградена од Заев, посочи и дека ги видел  становите на Заев и Филипче во Дубаи. На овие сведоштва Филипче повторно не даде конкретен одговор.

Дополнително, Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека тој не му бил партнер во градбата. Токму затоа се наметнува прашањето, како Филипче   дошол до златна виза за Дубаи?

Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа врз основа на кои ја добил златната виза за Дубаи. Доколку навистина бил ангажиран во Дубаи, договарал работа во некоја болница или кој било друг професионален ангажман, нема да му биде проблем тоа да го потврди со документи.

Но, Филипче не покажува документи, иако вети, затоа што, ги нема.

Филипче продолжува по стапките на менторот Заев, како на приватен, така и на партиски план. Одговорност мора да има!

Можете да прочитате

Жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан, поткуп на граница

Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила во движење и семафор, косовски државјанин предизвика хаос во Центар

Левица: ДПМНЕ нуди козметички измени за спас на функционерите