Утрински Весник
Спорт

Малта го суспендираше селекторот поради „сексуално малтретирање“ на фудбалер?

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Малта, Италијанецот Девис Манџа е суспендиран од федерацијата откако еден негов фудбалер го пријавил з „сексуално малтретирање“, јавуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Федерцијата јавно потврди дека Манџа е суспендиран до „целосното утврдување на фактите“, но не ги објасни детално причините за вакват одлука, иако медиумите во Малта објавија дека еден фудбалер го пријавил тренерот за сексуално малтретирање. Според нивните извори ова било и причината поради која Манџа добил отказ како тренер на романскиот клуб Универзитатеа Крајова во 2019 година, истата година кога Манџа се ожени со својата девојка Делија. Суспензијата е потврдена неколку часа пред пријателскиот меч со Израел, каде што неговиот помошник Давиде Мацота ќе го води тимот.

Манџа е поранешен селектор на У-21 репрезентацијата на Италија, а на позицијата селектор на Малта е од декември 2019 година, и има 9 победи во 27 меча.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина