Утрински Весник
Македонија

Малолетните деца на Рашковски не смеат да ги продаваат станот и земјиштето во Побожје, а татко им да и плати штета на државата за нелегалните тендери

Малолетните деца на Рашковски не смеат да ги продаваат станот и земјиштето во Побожје, а татко им да и плати штета на државата за нелегалните тендери

Кривичен одлучи дека ексгенералниот секретар на Владата и непраавосилно осуден за „Софтвери“, Драги Рашковски, ќе остане со замрзнат имот со цел да се надомести штетата кон државата која ја направил местејќи тендери. Ова на денешното рочиште го соопшти судијката Фанка Јанчулева Михаиловска. Судот одлучи дека неговите малолетни деца нема да поседуваат права на дел од недвижниот имот, кој им го препишал Рашковски.

dobivaj vesti na viber

Ќе се конфискува земјоделско земјиште, кое во најголем дел се наоѓа во Побожје, како и станови и помошни простории.

„Во согласност со член 114 од Законот за кривичната постапка се задолжуваат обвинетите Драги Рашковски, Ивица Димитровски, Игор Христов солидарно да ја надоместат штетата кон државата во износ од 6.545.816 денари, кои се исплатени од буџетот на државата за набавка на системот за биометриска идентификација, а обвинетите Драги Рашковски, Ивица Димитровски, Игро Христов и Даниел Станчев солидарно да ја надоместат штетата кон државата во износ од 4.997.300 денари, пари исплатени од државниот буџет за набавка на софтверот за определување просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни. Судот определи и привремени мерки за обезбедување имотно-правно барање на државата, што настанало поради извршување кривично дело забрана на обвинетиот Ивица Димитровски да располага со средства од жиро-сметка депонирана во НЛБ банка, а на која тој како физичко лице имал овластување да располага со салдо од 14.539,07 евра и 263.561 денар во висина на 12.341 евро или 758.340 денари сметано по девизен курс“, кажа судијката.

Таа додаде: „Забрана на малолетните деца на Рашковски да ги отуѓат или оптоварат своите недвижности или, пак, да бидат дадени под закуп, и тоа имотот во Побожје: земјоделско земјиште со површина од 1.308 квадратни метри и земјоделско земјиште со површина од 1.641 квадратен метар, лоцирани во Ровиште. Уште едно земјоделско земјиште во Побожје, со површина од 350 квадратни метри, лоцирано во местото Ровиште, земјоделско земјиште со површина од 588 квадратни метри, лоцирано на истото место. Земјоделско земјиште во Побожје, со површина од 1.415 квадратни метри, градежно земјиште со површина од 64 квадратни метри и земјоделско земјиште со површина од 2.685 квадратни метри, помошни простории и кат со површина од 15 квадратни метри. Стан со површина од 37 квадратни метри и помошни простории со површина од 38 квадратни метри, лоцирано во местото Ровиште. Земјоделско земјиште со површина од 771 квадратен метар и уште едно со површина од 9.645 квадратни метри и пазарна вредност од 13.128.897 денари. Драги Рашковски треба да ја надомести штетата кон државата во износ од 4.605.021 денар исплатени од буџетот за набавка на камери за препознавање регистарски таблички, во износ од 1.о46.000 илјади денари, исплатени од државни пари за набавка на системот за биометриска идентификација, како и да ја надомести штетата на државата во висина на имотната корист, која ја прибавил за себе со склучените договори со обвинетите Игор Ивановски и Маја Силјановска во износ од 880.000 денари во рок од шест месеци од правосилноста на пресудата“, одлучи судот.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот Драги Рашковски не ги извршил службените должности при спроведувањето четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување казни, набавка на АНПР-камери за препознавање регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблички.

Случајот го водеше судијката Фанка ЈанчулеваМ-ихаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Можете да прочитате

Ангелов: Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици

СДСМ: Трипуновски ги пушти низ вода лозарите, владата ќе им дава 2 денари само на винариите

Пресек до 18 часот: Седум активни пожари, еден се држи под контрола