Утрински Весник
Македонија

Малолетник нападнат од шест врсници, 51 годишна жена нападнала малолетничка, а физички била нападната и 29 годишна велешанка

Svr veles.png

Во Секторот за внатрешни работи Велес во изминатото деноноќие евидентирани се три одделни случаи на физички напади, два врз малолетници и еден врз жена.

Како што денеска информира портпаролот Биљана Ѓаковска, во првиот случај бил пријавен вчера во 15:00 часот кога четириесет и пет годишната велешанка Р.К се пожалила дека на улица „Христо Татарчев“ во градот, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од шест малолетници.


Потоа во 19:45 часот во СВР Велес од страна на 33 годишната П.О. било пријавено дека на улица „Вера Циривири“ нејзината малолетна ќерка била физички нападната од 51 годишната Е.Р.

Два часа пред полноќ, бил пријавен и трет случај на физички напад од страна на 29 годишната велешанка Џ.О. Како што пишува во дневниот билтен таа пријавила дека на улица „8 Септември“ по кратка расправија била нападната од Н.Н.

Од СВР Велес информираат дека се превземаат мерки за расчистување на настаните.

Можете да прочитате

Проширувањето на ЕУ клучно за стабилноста на Европа – порака од конференцијата на либералите „Quo vadis Europa 2025?”

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија

Пронајдено опожарено тело при увид во опожарените магацини на „Макстил“