Утрински Весник
Македонија

Малолетници украле автомобил во Скопје и го возеле без таблици и без дозвола

Kola.webp.webp

Приведени двајца малолетници од Тетово, кои украле возило во Скопје и го возеле без дозвола.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (30 јануари) околу 11 часот и 30 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово. Тие се сомничат дека пред неколку дена во Скопје противправно одзеле патничко моторно возило „хонда“ и без регистарски ознаки и дозвола го управувале. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на неговиот 35-годишен сопственик А.Ј. од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Насилен упад во „Инфомакс“ нападнати во живо за време на емисија

Томовски најави нов авион, нов саем и жичница до Водно

Зимзоленд работи без дозвола, институциите си ја префрлаат топката!