Утрински Весник
Спорт

Малески: Се надеваме на подобра ефикасност од минатиот дуел со Македонија ЃП

Малески: Се надеваме на подобра ефикасност од минатиот дуел со Македонија ЃП
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Струга Трим Лум има четири бода предност пред Шкупи на врвот на табелата во Првата лига, а денеска (14 часот) на домашен терен ќе ја пречека Македонија ЃП, со која ремизираше без голови пред неколку кола. Сега, напаѓачите ќе се потрудат да бидат поефикасни, вели Христијан Малески.

dobivaj vesti na viber

„Против Македонија Ѓорче Петров ќе дадеме сè од себе да не ни се повторат промашувањата како во нашата последна меѓусебна пресметка, кога не реализиравме ниту од единаесет метри. Атмосферата во тимот е добра, особено по победата над Шкупи, па веруваме дека ќе остане така и по оваа средба“, изјави Малески.

Шкупи по подолг период се враќа на Чаир и ќе го пречека Работнички, а составот на Гоце Седлоски ќе мора да атакува на трите бода за да остане во трка за титулата.

Шкендија во Тетово ќе биде домаќин на Академија Пандев, а Брегалница во Штип ќе игра против Победа.

Вчера, Силекс славеше против Скопје со 3:1, во првиот меч од 23.коло во Првата фудбалска лига.

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место