Утрински Весник
Свет

Малдивите им забранија влез на Израелците во земјата

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Малдиви денеска соопштија дека им забраниле на израелските државјани да влезат во јужноазиската земја, јави индискиот медиум Вион.

Министерот за внатрешна безбедност и технологија на Малдивите, Али Ихусан, рече дека претседателот Мохамед Муизу донел одлука на состанокот на владата да им забрани на луѓето со израелски пасоши да влезат во земјата.

Овој потег уследи откако Муизу ангажираше специјален пратеник за да ги слушне палестинските барања од Малдивите за војната во Газа.

Министерството за надворешни работи на Израел денеска ги советуваше израелските граѓани да не патуваат на Малдиви, откако владата на земјата забрани влез за лица со израелски пасоши.

Израелското министерство соопшти дека препораката вклучува и Израелци со двојно државјанство.

Министерството нагласи дека најдобро е израелските граѓани кои веќе се на Малдивите да размислуваат да ја напуштат земјата, бидејќи, како што се наведува, доколку се најдат во неволја, Израел тешко дека ќе може да им помогне во тој случај. 

Можете да прочитате

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот