Утрински Весник
Магазин

Мал град во Јапонија изгради ограда: не сака туристите да ја фотографираат планината

6dc54c82 F502 4eae A349 3b11e3b37e03.jpg

Јапонскиот град Фуџикавагучико денеска постави голема мрежеста бариера на популарното место за гледање на планината Фуџи во обид да го одврати се поголемиот број туристи од фотографирање.

Најпознатата глетка во Јапонија може да се види со километри наоколу, но на локалното население во Фуџикавагучико им е преку глава од приливот на претежно странски посетители кои фрлаат отпадоци, навлегуваат во приватен имот и ги кршат сообраќајните правила во потрага по фотографија за споделување на социјалните мрежи.

Паркирајќи незаконски и игнорирајќи ја забраната за пушење, тие се собираат на тротоарот за да ја фотографираат планината покриена со снег, велат жителите. Работниците денеска почнаа да ја поставуваат црната мрежа со димензии 2,5 на 20, а до доцна утрото веќе беа готови, изјави новинар на АФП од местото на настанот.

„Се надевам дека мрежата ќе ги спречи тие опасни акции на туристите“, изјави за „АФП“ жителот Мичи Мотомочи (41), кој води традиционална јапонска продавница за слатки.

„Мислам дека е разочарувачки што го поставуваат. Сè уште е иконска глетка. Бевме тука синоќа, пред да ја издигнат оградата, а имаше толку многу луѓе“, рече Кристина Ројс ( 36), турист од Нови Зеланд.

„Но, таа одлука е сосема разбирлива. Тоа е доста опасно поради сообраќајот што минува. Има и други места каде што можете да ја фотографирате планината”, објаснува туристот.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста