Утрински Весник
Свет

Макрон воведува доброволен воен рок поради руската закана

Makron 960x539 1.jpg

Нов модел на доброволен воен рок треба да биде претставен од страна на францускиот претседател Емануел Макрон овој четврток. Проектот не предвидува враќање на задолжителното регрутирање, туку обука за насочување на доброволците кон активниот состав или резервата.

Иницијативата за доброволен воен рок доаѓа поради руската закана, а планот има широка политичка подршка.

Елисејската палата соопшти дека за реформата ќе бидат потребни законски измени и дека ажурираниот закон за воено планирање ќе биде претставен до 21 декември.

Можете да прочитате

Ушаков: Делови од американскиот план се прифатливи, европскиот план не ни одговара

Забранет влез на Грета Тунберг во Венеција

Зеленски: Мировните преговори мора да донесат траен мир