Утрински Весник
Свет

Макрон повторно му ја вети сета потребна помош на Зеленски

Макрон повторно му ја вети сета потребна помош на Зеленски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Францускиот претседател, Емануел Макрон, повторно му вети на својот колега, Володимир Зеленски, дека ќе и’ ја пружи сета помош на Украина за враќање на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, соопшти Елисејската палата.

dobivaj vesti na viber

Во телефонски разговор, Макрон „извести за координацијата на воената помош на Европа за да може да одговори на долгорочните потреби на Украина“, додаваат од кабинетот на францускиот претседател, додека Киев најавува подготовки за сеопфатна контраофанзива за ослободување територии.

„Двајцата претседатели разговараа и за претстојните меѓународни состаноци и за начинот на кој тие би можеле да придонесат за зајакнување на меѓународната помош за Украина, да ја потврдат нејзината европска перспектива и да ја промовираат безбедноста и стабилноста во Европа“, додава Елисејската палата.

Во соопштението од Елисејската палата не се спомнува неодамнешниот телефонски разговор меѓу Володимир Зеленски и кинескиот претседател Си Џинпинг, прв од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, за кој Макрон од срце се залагаше.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп