Утрински Весник
Свет

Макрон потрошил 475.000 евра на вечера со кралот Чарлс и кралицата Камила

Makron Charls.jpg

Францускиот претседател, Емануел Макрон, потрошил речиси 475.000 евра на раскошна вечера за кралот Чарлс и кралицата Камила минатата година, што создало голема дупка во годишниот буџет, пишува „Индепендент“.

Во септември минатата година, Макрон приреди раскошна вечера во Версај за британскиот крал и неговата сопруга, а менито вклучуваше син јастог, како и голем избор на француски и англиски сирења, објави „Индепендент“.

Таа вечера чинела вкупно 474.851 евра.

На вечерта, меѓу другите, присуствувале актерот Хју Грант, музичарот Мик Џегер и фудбалскиот тренер Арсен Венгер.

Во меѓувреме, во обид да го убеди Њу Делхи да купи повеќе француски подморници и борбени авиони, Макрон организираше и гала вечера во чест на премиерот Нарендра Моди во Лувр во јули 2023 година, која чинеше 412.000 евра, наведува ревизорскиот извештај.

Со оглед на зголемувањето на трошоците за претседателските патувања во странство, заедно со повисоките трошоци за државни приеми, трошоците за претседателската канцеларија лани пораснале за 6,5 отсто, оставајќи буџетски дефицит од 8,3 милиони евра.

Можете да прочитате

Венеција од утре го ограничува бројот на луѓе во туристичките групи на максимум 25

Руските сили го изведоа најголемиот напад врз Киев годинава, над градот соборени 40 дронови

ОХЦХР: Палестински затвореници мачени и малтретирани во израелските затвори