Утрински Весник
Свет

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

20250815151419 big 730x400 39.webp.webp

Планираното признавање на Палестина од страна на Франција нема да вклучува отворање амбасада сè додека палестинското движење Хамас не ги ослободи заложниците што ги држи во Газа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес изјави рече дека ослободувањето на заложниците е „јасен услов пред да биде отворена амбасада“.


Макрон, исто така, се изјасни против какви било планови за раселување на Палестинците од Газа, додавајќи дека земји како Франција и САД не можат да си дозволат нивниот авторитет на меѓународната сцена да биде поткопан со одобрување на таков развој на настаните.

Се очекува Франција официјално да ја признае независноста на Палестина утре на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.

Независноста на палестинската држава ја поддржуваат 150 земји во светот, на кои денеска им се придружија Велика Британија, Канада и Австралија.

Овој потег предизвика силно негодување од Израел, кој е под интензивен меѓународен притисок поради војната против Хамас во Газа и тешката хуманитарна ситуација во опколената енклава.

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк

Абас: Признавањето на палестинската држава е чекор кон траен мир