Утрински Весник
Свет

Макрон и Сунак се договорија за соработка во нуклеарната енергија

Макрон и Сунак се договорија за соработка во нуклеарната енергија

Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Риши Сунак денеска ветија „амбициозна соработка“ во областа на нуклеарната енергија во однос на ситуацијата со снабдувањето со енергија откако Русија започна воена акција во Украина, соопштија од Елисејската палата.

dobivaj vesti na viber

Двајцата лидери се сретнаа на маргините на разговорите за климатските промени во Египет и ова беше нивна прва средба откако Сунак стана британски премиер.

Во соопштението се наведува дека Макрон и Сунак сакаат подобра соработка кога станува збор за координацијата поврзана со миграцијата,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија води суверена политика

Продолжува намалувањето на продажбата на разгледници во ЕУ

Разбиена првата шпанска ќелија на американската неонацистичка терористичка група „База“