Утрински Весник
Свет

Макрон ги обвини САД дека ги напуштаат своите сојузници и не ги почитуваат меѓународните правила

Makron 960x539 1.jpg

Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги обвини САД со трговските договори и безбедносни политики им го свртиле грбот на своите партнери.

– САД се етаблирана сила, но прогресивно се повлекуваат од некои од своите сојузници и се оддалечуваат од меѓународните правила што ги промовираа до неодамна, истакна Макрон пред амбасадорите во Париз.

Според него, големите сили се во искушение да го поделат светот.

Постои ризик нашата Европа да биде ослабена … таа би можела да стане последното место, каде што ќе продолжиме да се сеќаваме на правилата на играта што другите повеќе не ги почитуваат“.

Можете да прочитате

Трамп: Планираниот втор бран на напади врз Венецуела е откажан

Мелони: Не верувам дека САД ќе користат воена сила за Гренланд

Трамп му посака среќа на Орбан во изборната кампања