Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Макрон: Франција нема да одговори со нуклеарно оружје доколку Русија го употреби

Макрон: Франција нема да одговори со нуклеарно оружје доколку Русија го употреби
300x250 opst2

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција нема да одговори со нуклеарно оружје доколку Русија го употреби против Украина. „Нашата доктрина почива на основните интереси на нацијата“, рече тој за јавниот сервис Франс 2. „Тие се јасно дефинирани и нема да бидат директно засегнати доколку, на пример, има балистички нуклеарен напад во Украина, во регионот“.

dobivaj vesti na viber

Ова е првпат Макрон детално да зборува за француското нуклеарно оружје во овој контекст. Тој додаде дека не е добро да се зборува премногу за тоа. И покрај заканите на Путин, нема конкретни индиции дека Русија преместува нуклеарно оружје, што би укажало дека се подготвува да го употреби.

Макрон рече дека Путин мора да се врати на масата за да разговара за мирот во Украина и дека мисли дека Киев во одреден момент ќе мора да преговара со него. „Путин мора да ја прекине оваа војна, да го почитува територијалниот интегритет на Украина и да се врати на маса и да разговара“, рече Макрон, пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства