Утрински Весник
Свет

Макрон: Франција не е во војна со никого, нашето присуство на Блискиот Исток е одбранбено

Makron 960x539 1.jpg

Францускиот претседател Емануел Макрон го осуди нападот врз базата Ербил и порача дека француското присуство на Блискиот Исток има исклучиво одбранбена цел. „Ситуацијата во регионот е јасна – станува збор за одбранбен став. Ние не сме во војна со никого“, изјави Макрон.

Тој истовремено предупреди дека Русија прави погрешна проценка доколку очекува дека тензиите на Блискиот Исток ќе ѝ донесат предност во конфликтот со Украина. Макрон посочи дека Европската Унија од 2022 година досега обезбедила речиси 200 милијарди евра помош за Украина. Според него, се работи и на деблокирање на веќе договорениот заем од 90 милијарди евра.


Францускиот претседател нагласи дека порастот на цените на нафтата не смее да ја промени политиката на ЕУ кон Москва и најави подготовка на 20-ти пакет санкции против Русија. Тој оцени дека Украина, и покрај политичките пречки, заслужува отворање на првите преговарачки кластери за членство во Европската Унија. Според Макрон, актуелните случувања покажуваат дека Москва се соочува со „троен пораз – стратешки, економски и морален“.

Можете да прочитате

Трамп ги укина санкциите за Русија

Трет ирански проектил соборен пред да удри во нуклеарното гнездо на НАТО

Израел фрли летоци над Бејрут: Повик до граѓаните да му се спротивстават на Хезболах