Утрински Весник
Свет

Макрон бил подготвен да разговара со Путин за деескалација на кризата

Makron i putin.jpg
Dik 300x250 mk

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека е подготвен да разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за тоа како да се дојде до деескалација на украинската криза.

„Ќе одговорам ако се јави Путин. Затоа што чувствувам дека тоа е моја должност. И ќе слушам што ми предлага. Од една страна, мора да и дадеме сè на Украина, таа треба да ги подобри одбранбените капацитети, но од друга страна мора да работиме на деескалација. Мора да постигнеме траен, праведен мир. Ако случајно Путин понуди нешто, ќе ги слушам неговите предлози“, рече Макрон.

Путин претходно изјави дека Москва е подготвена да соработува со Париз доколку Франција покаже интерес. Макрон рече дека Париз и неговите сојузници ќе продолжат да ја поддржуваат Украина се додека е потребно

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп