Утрински Весник
Македонија

Македонското знаме се најде меѓу непожелните за снимање на Австарлија опен !

Screenshot 2024 01 15 153751

Македонското државно знаме, како и знамето од Кутлеш (Вергина) се забранети за снимање на првиот сезонски тениски гренд-слем турнир Австралија опен ! Оваа информација ја објавуваат групите на Македонците во Австралија на социјалните мрежи. Организаторот на турнирот на снимателите од Канал 9, кои ги реализираат преносите од тениските терени во Мелбурн, им поделил флаери со знамиња кои не треба да бидат снимани доколку се појават на трибините. На флаерот како непожелни за прикажување на тв-екраните се знамињата на Палестина, Белорусија, Русија, Тајван, Израел и верувале или не – на Македонија, која 30 години е членка на ООН, сега е членка и на НАТО и не е во војна со некого. Покрај државното знаме на Македонија, забрането е да се снима и знамето со 16-кракото сонце, во неговата црвена и сина (грчка) варијанта. Во Австарлија живеат повеќе од 200.000 Македонци по род. По елиминацијата на Лина Ѓорчевска во квалификациите, на турнирот нема ниту еден македонски тенисер. Од Македонската заедница информираат дека „знаат за забраната за македонското знаме со сонцето од Кутлеш“ поради постојаните протести од страна на грчката заедница, но навистина е зачудувачки што на таа листа е и македонското државно знаме !

Можете да прочитате

Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Следува намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка!

ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ