Утрински Весник
Македонија

Македонското научно здружение за аутизам слави 25 години постоење

20250521185703 big 730x400 89.webp.webp

Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) денеска го одбележува  јубилејот – 25 години од основањето, круна на четврт век исполнет со посветена работа, истражувања, едукација и поддршка за лицата со аутизам и нивните семејства. Во 2000 година група истакнати професионалци ја иницираа идејата за создавање здружение што ќе работи на унапредување на условите за живот, едукација и инклузија на лицата со аутизам. 

Долги години здружението обезбедуваше бесплатни дијагностички услуги и советување за семејствата на деца со аутизам. Активно учествува во 20 меѓународни истражувања и проекти, придонесувајќи за нови научни сознанија и подобри методи за поддршка. Посветено работи на создавање подобри услови за децата со аутизам во училиштата, овозможувајќи пристап до адекватни наставни програми и персонализирана поддршка. Преку иницијативи за вработување, укажува на важноста од создавање можности за лицата со аутизам, поттикнувајќи институциите да дејствуваат во насока на нивна интеграција на пазарот на труд.


-Во годините што следат, нашата мисија останува јасна – да продолжиме да се бориме за правата, поддршката и инклузијата на лицата со аутизам. Нашата визија е општество што ги прифаќа различностите, обезбедува можности за напредок и ја негува солидарноста, велат од МНЗА. 

МНЗА досега има организирано десетици семинари, симпозиуми и меѓународни конференции со учество на домашни и светски експерти. Последните пет години се одржаа околу 50-тина вебинари со водечки специјалисти во областа на аутизмот.

Можете да прочитате

ДУИ: Етничка дискриминација во ЕСМ Струга и Дебар нема ниту еден Албанец со новите вработувања

Во знак на протест „Комити“ ја напуштија прославата по освојување на Купот

Филипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП