Утрински Весник
Спорт

Македонските тенисерки подобри од Финска, трета победа во Били Џин Кинг купот!

Македонските тенисерки подобри од Финска, трета победа во Били Џин Кинг купот!

Македонската женска тениска репрезентација успеа да стигне до 2:1 победа над Финска во третото коло од трета Европска зона во Били Џин Кинг купот, триумфирајќи во клучниот меч во двојки

dobivaj vesti na viber

Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска со 6:4/6:1 беа подобри од Лаура Хиетаранта и Анастасија Куликова, за трета победа во три кола, пред утршниот меч со Исланд.

Во решавачкиот дуел во двојки во првиот сет Финска поведе со 2:1, но потоа следуваше серија од четири гема за Ѓорческа и Стоилковска кои дојдоа до предност од 5:2, за потоа противничките да направат брејк и да стигнат до 5:4. Сепак 10.гем им припадна на македонските тенисерки кои сетот го добија со 6:4.

Во вториот сет при резултат 2:1 за Македонија сервираше Ѓорческа се одиграа 18 поени и на крајот гемот им припадна на нашите тенисерки кои ја продолжија низата и сетот го завршија со 6:1 во гемови. Мечот траеше 1 час и 28 минути.

Во сингл мечевите Стоилковска загуби од Хиетаранта со 2-0 во сетови, а Ѓорческа ја совлада Куликова со 2-1 во сетови со пресврт откако губеше 1-0.

Утре Македонија во четвртото коло игра против Исланд.

Фото: МК Тенис

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина