Утрински Весник
Спорт

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Odbojka 1.jpg

Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) со жрепка синоќа во италијанскиот град Бари го одреди составот на групите за Европското првенство кое идната година заедно ќе го организираат Бугарија, Италија, Финска и Романија.

Македонските одбојкари ќе играат во групата Б во Варна во која за противници ќе ги имаат кодомаќинот и светски вицешампион Бугарија, европскиот првак Полска, како и селекциите на Украина, Португалија и Израел.


За македонските одбојкари ова ќе биде четврти настап во низа на континенталниот турнир.

Европското првенство ќе се одржи од 9 до 26 септември идната година.

Можете да прочитате

Шок од Британија: Објавени нови детали за здравјето на Михаел Шумахер

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен