Утрински Весник
Спорт

Македонските клубови добија противници по мерка во Конференциската лига

Македонските клубови добија противници по мерка во Конференциската лига

Македонските клубови Шкендија, Шкупи и Македонија ЃП го добиа противниците со кои ќе се соочат во првата квалификациска рунда во Конференциската лига.

dobivaj vesti na viber

Ждрепката на Шкупи и Македонија ЃП им додели противници од Балтикот, а Шкендија ќе се соочи екипа од Велс.

Шкупи ќе игра против Хегелман (Литванија), Македонија ЃП против РФС Руга (Летонија), а Шкендија против Хавервордвест (Велс).

Првите натпревари на програмата се на 13.јули. Македонија ЃП и Шкендија ќе бидат домаќини, а Шкупи ќе гостува во Литванија. Возвратните натпревари ќе се одиграат на 20.јули.

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција