Утрински Весник
Спорт

Македонските фудбалери во БиХ ќе се водат како домашни играчи

Македонските фудбалери во БиХ ќе се водат како домашни играчи

Со промена на правилникот на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, бројот на странци кои се дозволени во протоколот за индивидуална игра се намали од пет на тројца, но клубовите добија значително олеснување преку дополнителни измени.

dobivaj vesti na viber

Во фудбалскиот шампионат на Босна и Херцеговина, почнувајќи од новата сезона, играчите од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Македонија повеќе нема да се сметаат за странци.

Фудбалскиот сојуз на БиХ, го официјализираше новото правило и дополнително објави дека од наредната сезона бројот на странци е ограничен на тројца играчи.

„Терминот ‘странски играч’ не значи играчи од територијата на поранешна СФРЈ (Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Македонија). Обврските на клубовите за регистрација на играчи на странски државјани остануваат непроменети“, беше објавено на официјалната веб-страница на Фудбалскиот сојуз на БиХ.

Можете да прочитате

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа