Утрински Весник
Спорт

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои бронза на меѓународниот турнир во Бугарија

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои бронза на меѓународниот турнир во Бугарија

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои бронзен медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Бугарија опен“ од светската серија Г2.

dobivaj vesti na viber

Oд Македонската таеквондо федерација информираа дека Дејан нема да може да се бори во полуфиналето поради повреда.

„Бронза и нови поени за олимписка норма со две доминантни победи над Михопулос Сотирос од Грција и Харбар Андреј од Украина. Дејан за жал не може да се бори во полуфинале поради незгодна повреда на десната шака, се надеваме дека не станува збор за скршеница. Теквондо е фулконтактен боречки спорт во кој многу често се минува низ пеколни повреди, Дејан поминал премногу, и тоа го прави вистински шампион. Искрено се надеваме дека овој пат се ќе мине полесно. Соколот денес се крена високо, ќе остане таму до следниот предизвик за две недели во Белгија “, објавија од федерацијата.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026