Утрински Весник
Македонија

Македонскиот продуцент Матеј Џајковски номиниран за престижната музичка награда „Греми“

Matej.jpg

Македонскиот продуцент Матеј Џајковски (BigSlav) е номиниран за најпрестижната музичка награда „Греми“.

Албумот на групата FLO „Access All Areas“ на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav, е номиниран за престижната музичка награда „Греми”. Џајковски беше дел од авторите и продуцентите на песната „On & On” од споменатиот албум.

Албумот „Access All Areas“ е номиниран за најдобар во категоријата „Best Progressive R&B Album” на 68-то издание на Греми награди кои ќе се одржуваат на 1ви февруари следната година во Crypto.com арената во Лос Анџелес. По издавањето на албумот, тој се најде на #1 местото на Apple Music во Соединетите Американски Држави и Велика Британија.

Песната „On & On”, која ја продуцираше нашиот Матеј Џајковски по неколку месеци од излегувањето на албумот, претставува апсолутен фаворит на фановите на групата, а песната се рангираше високо во музичкото списание Billboard и оттогаш е константно присутна на радио станиците во САД.

Ова е прва номинација за Матеј Џајковски кој веќе подолго време работи како музички продуцент во Лос Анџелес. За неговите успеси веќе слушнавме кога негова музика се најде на soundtrack-от на серијата Inventing Anna, која беше една од најгледаните серии на Нетфликс.

Можете да прочитате

Агенцијата за филм ќе ја поддржи со 100.000 евра кампањата за Оскар на македонскиот кандидат „Приказната за Силјан“

Арсовскa алармира за опасни згради и криминал во Чаир

Атанасов: Градоначланикот Јанчев многу добро знае дека Рома Кафе ги исполнува условите за безбедност, на концертот беа и членови на неговото семејство