Утрински Весник
Свет

Македонски возач казнет во Германија, поради надминување на дозволените 90 дена во Шенген

Kola 2 1.jpg

Возачите од земјите надвор од ЕУ се соочуваат со засилени контроли во Шенген-зоната поради строгата примена на правилото 90/180 за дозволен престој. Неколку македонски возачи веќе се вратени, а последниот случај е регистриран во германското пристаниште Росток.

Од „Макамтранс“ информираа дека македонски возач бил затекнат со пречекорување од три дена над дозволените 90 во период од 180 дена и му била изречена казна од 150 евра. Тој ќе ја напушти Германија со авион, а камионот ќе го преземе друг возач. Доколку повторно го прекрши правилото, може да му биде изречена забрана за влез во Шенген до пет години.

Од асоцијациите предупредуваат дека проблемот станува сериозен, бидејќи превозниците ризикуваат недостиг од кадар и доцнење на испораките. Во изминатиот период санкции и депортации имаше и за возачи од други земји од Западен Балкан, што предизвика протести и блокади на граничните премини.

Од ЕУ најавија дека се разгледуваат можни решенија, додека експертите апелираат возачите внимателно да ги следат деновите на престој за да избегнат казни и забрани.

Можете да прочитате

Макрон: Европа мора да се подготви за нови тензии со САД и да ја зајакне независноста

Пукање во училиште во Тајланд: Напаѓачот се предаде по двочасовна опсада

Зеленски: Безбедноста е приоритет додека Русија продолжува со напади врз Украина