Утрински Весник
Македонија

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи

Sari gri minimal elektrikci logo 940 x 600 piksel 1.png

Група македонски туристи вечерва со голем страв се враќаат од празнична посета на Истанбул, откако автобусот со кој патуваат, на агенцијата „Ганиќ ексклузив“, постојано прегрева и мора да запира за да се олади моторот.

Патничка за 24инфо раскажа дека уште во Истанбул имале проблеми со тргнувањето. Туристите чекале цели пет часа додека механичари се обидувале да го поправат автобусот. По прегледот, им било кажано дека возилото е во лоша состојба и единствено решение е полека да продолжат кон Македонија.


„Во автобусот има деца и пензионери. Никој не се чувствува безбедно, а сопственикот на агенцијата наместо да помогне, ни рече дека автобусот е во ред и ни спушти телефон“, изјави револтирана патничка.

На видео снимки кои патниците ги испратија до 24инфо се гледа како автобусот чади и повторно се расипува. До 21 часот вечерва туристите биле заглавени, а сега се движат кон Македонија преку грчката граница, со голем ризик по нивната безбедност.

Според патниците, целото патување е вистинска голгота, а нивната единствена желба е безбедно да пристигнат дома.

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Активни пожарите кај Никуштач и селата Варвара и Драчевица, под контрола на Вардариште и близу Русиново