Утрински Весник
Македонија

Македонски полициски синдикат: Политичките партии да не ги заплашуваат нашите членови

Македонски полициски синдикат: Политичките партии да не ги заплашуваат нашите членови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдика во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Разузнавање,
Агенцијата за Национална безбедност и Управата за финансиска полиција вопресрет на чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓањето на нашиот
великан Гоце Делчев, со обраќање до своето членство!!!

dobivaj vesti na viber

Почитувани членови, секојдневно покажувате на дело како се сака татковината и како се извршува службата што Ви ја доверила истата.
Исправени гордо пред браникот на нашата држава ја манифестирате Вашата човечност и саможртва оставајќи пример за идните генерации, пример за тоа како се сака и почитува својата татковина во време на бројни предизвици со кои секојдневно се соочувате, во минатото но и денес.

Токму од таа причина, како единствен репрезентативен синдикат кој се грижи за своето членство сакаме да Ви укажеме доследно да ги извршувате своите работи и работни задачи согласно законската регулатива на Република Северна Македонија. Да не се ставате во функција на
политичките партии и други групации заради вршење на кривични дела и прекршоци, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии и други групации.

Само со професионален пристап и професионално работење ќе се подобри интегритетот на вработените во безбедносните служби и ќе се зајакне
довербата на граѓаните која тие ја имаат како за вработените во Министерството за внатрешни работи така и за вработените во Агенцијата
за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за Финасиска полиција. Само така граѓаните ќе прифатат дека нашите
активности на теренот се во нивни интерес, во интерес на безбедноста и стабилноста на нашата земја.

Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските или било какви други влијанија, затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност , правна држава и непристрасно спроведување на законите за сите. Истовремено ги повикуваме политичките партии и нивните локални преставници како и сите други радикални групации да не ги заплашуваат нашите членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби, бидејќи времето на закани и уцени е едно минато време и никој повеќе неможе даги заплашува преставниците на синдикатот и безбедносните служби.

На крајот ги охрабруваме сите наши членови да ги пријават сите вербални притисоци врз нив, и да не потклекуваат на било какви притисоци од билокого.

Ние како Македонски полициски синдикат ќе ги штитиме нашите членови со
сите средства што ни стојат на располагање.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен