Утрински Весник
Магазин

Македонски пејачи и рок изведувачи од Србија за крај на карпошовото културно лето

Македонски пејачи и рок изведувачи од Србија за крај на карпошовото културно лето

На овогодинешната последна вечер од културната манифестација во организација на Општина Карпош ќе настапи струмичанката Славица Анѓелова, која како фаворит од сенка победи на последната сезона од „Ѕвездите на Гранд“. Со своите фантастични вокални квалитети, пред карпошани денеска ќе се престави и одличниот минатогодишен финалист на споменатото српско музичко шоу, Александар Јосифовски.

dobivaj vesti na viber

Завршувањето на карпошовото културно лето ја одбележат гостите од Србија.

Фантастичната вокалистка Ивана Петерс заедно со темпераметниот рокер Ѓорѓе Давид, кој во минатото беше дел од групите Generacija 5 и Fuzzbox, а сега како фронтмен на бендот „Death Saw“ со почеток во 20 часот ќе ги претстави своите музички квалитети пред карпошани.

Можете да прочитате

Кој пијалок сте според хороскопот? Забавна астролошка споредба

Редовната физичка активност е клучна за здрав живот

Три идеи за совршен подарок за Денот на вљубените