Утрински Весник
Македонија

Македонски лекар прегази куче, го погледна и си замина ладнокрвно: По злосторството доби отказ, а може да добие и затвор!

Text max 1199 655.jpg

Јавноста во Бугарија и Македонија згрозена од лекарот кој прегази куче во Софија. Не стивнуваат реакциите по објавувањето на видеото на кое се гледа лекарот, Ненад Цоневски од Македонија, вработен на Воено-медицинската академија во Софија, како прегазува куче излегувајќи со возилото од зграда. На снимките од надзорните камери се гледа како мажот со автомобил го прегазува кучето, излегува од автомобилот, го набљудува повреденото животно, а потоа повторно влегува во возилото и заминува, минувајќи и со задните тркала преку неговото тело.

Инцидентот предизвика лавина реакции во јавноста и бурни осуди на социјалните мрежи. Жителите од маалото, кои се грижеле за кучето – старо 12 години и познато како мирно и кротко – организираа протест со барање сторителот да биде најстрого казнет.


Според бугарските медиуми, човекот е лекар по потекло од Македонија, кој работи во Военомедицинската академија во Софија. На местото на настанот, соседите испишале натпис „Убиец“ на гаражата во која паркирал. „Како може доктор кој треба да спасува животи да направи нешто толку сурово? Шокирана сум,“ изјави една од жителките во зградата.

Очевидци тврдат дека човекот набрзо по инцидентот се иселил од станот во кој живеел под кирија. „Сигурно мислеше дека кучето ќе се тргне, но тоа беше старо, не реагираше брзо. Намерно го прегази,“ сведочи една жена од соседството.

Против него е покрената истрага, и привремено нема да работи во Воено-медицинската академија, додека трае истрагата, пренесуваат бугарските медиуми. Според бугарскиот Кривичен законик, доколку се докаже вина, му се заканува казна затвор до пет години за сурово постапување кон животни.

Можете да прочитате

Корупцијата во здравството и нејзините последици

Уапсени мажи во Ресен, кичевско и Богданци: возеле пијани и со брзина поголема од дозволената

ВЛЕН: Визија за добро владеење и стабилност