Утрински Весник
Свет

Македонски граѓанин „летал“ на пат во Австрија – бил фатен со 100 км/ч над дозволеното

Police 70665961920 830x553 1.jpg

Македонски граѓанин бил фатен од страна на австриската полиција откако бил „уловен“ како вози 100 километри над дозволената брзина. На полицијата и се правдал дека не го видел знакот.

Настанот се случил во вторникот во австрискиот град Нојкирхен на Вокла во областа Воклабрук


Македонскиот граѓанин возел со 128 км/ч во зона каде е дозволено само 30 км/ч.На возачот кој има 28 години веднаш му било запленето возилото од марката Мерцедес АМГ.

Ново вакво возило, во зависност од моделот и опремата, може да вреди над 200 илјади евра.

Со одлука на судот може да му биде целосно одземено затоа што се работи за тешко прекршување на законот. За загрозување на безбедноста македонскиот граѓанин може да добие и затворска казна.

Можете да прочитате

Мерц по средбата со Си: Кина планира да нарача до 120 авиони од Ербас

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана

Со речиси 500.000 загинати војната во Украина е најлошото крвопролевање во Европа од 1945 година