Утрински Весник
Македонија

Македонски државјанин пронајден мртов во мотел во Урошевац

20240216080051 big 730x400 54.webp.webp

Маж на 61-годишна возраст, државјанин на Република Северна Македонија, е пронајден вчера попладне мртов во мотел во областа на градот Урошевац во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Портпаролот на полицијата за регионот на Урошевац, Канун Весели, во изјава за медиумите информира дека телото на македонскиот државјанин било пронајдено во четвртокот околу 16:35 часот.

– На 15. 02.2024 година, околу 16,35 часот, добивме информација дека на автопатот Урошевац-Приштина, во мотел во Урошевац, без знаци на живот е пронајден 61-годишен маж, државјанин на Северна Македонија. Неговата смрт е констатирана од страна на лекарски тим, изјави Весели.

Тој рече дека полицијата излегла на местото на настанот, додека по налог на надлежен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Приштина.

Случајот се води како „истрага за смртен случај“. 

Можете да прочитате

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија