Утрински Весник
Економија

Македонската агенција „Пиксел“ со награда за најдобар Storytelling на регионалните награди SoMo Borac

Македонската агенција „Пиксел“ со награда за најдобар Storytelling на регионалните награди SoMo Borac

Во петокот во Загреб се одржа јубилејното десетто издание на SoMo Borac – настан на кој се наградуваат најдобрите дигитални дела во регионот.

dobivaj vesti na viber

Годинешното издание собра рекордни 221 апликација за награди во различни категории. На доделувањето на наградите присуствуваше и македонската агенција Пиксел која беше една од победничките во категоријата „Storytelling“ (раскажување приказни) со проектот креиран за потребите на кампањата на трите пензиски друштва наречен „Засади желба“ што беше всушност и прва пријава на Пиксел на еден регионален натпревар.

 

„Оваа година ни покажа колку брзо се развиваат дигиталните канали, а доказ за тоа е рекордниот број на апликации и не се сомневаме дека ќе продолжи да расте од година во година. Со ова им честитам на сите победници, како и на сите оние кои доставија одлични проекти; до самиот крај беше неизвесно да се избере најдоброто од најдобрите.“, рече Ружица Врдољак Личина, извршен директор на SoMo Borac.

„Оваа награда засекогаш ќе остане драга во нашите срца бидејќи ова беше прва наша пријава на регионален натпревар и да освоиме награда. Благодарение на довербата на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, Триглав пензиско друштво а.д. Скопје и КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје добивме шанса да раскажеме убава приказна и да спроведеме кампања која доживеа голем успех, а со која истовремено пензиските друштва покажаа дека се општествено одговорни и дека се грижат за иднината на сите граѓани,“ изјави Владимир Ристевски, партнер и креативен директор во Пиксел.

Можете да прочитате

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло