Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Македонска крвава свадба – дигитално реставрирана проекција во рамки на „Сезона на филмски класици“

Makedonska krvava svadba 4.jpg
Img 7972

Oваа година, на 2 октомври, со почеток во со почеток во 20:00 часот – во киносалата на Кинотеката ќе се одржи специјална проекција на дигитално реставрираниот филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА (1967, режија:Трајче Попов), како дел од проектот „Сезона на филмски класици”.

Проекцијата на овој класик е посебно значајна, бидејќи на домашната публика ѝ овозможува повторно да го доживее филмот во неговата обновена, дигитално реставрирана верзија, а на младите генерации да се запознаат со еден од најрепрезентативните примери на македонската филмска традиција. Со цел да се овозможи што поширока достапност, филмот во исто време ќе биде емитуван во живо преку Јутуб каналот на Кинотеката, овозможувајќи ѝ на публиката надвор од Скопје и Македонија да го проследи ова значајно културно случување.


Овој значаен настан е дел од европскиот проект „Сезона на филмски класици” (A Season of Classic Films) – иницијатива на Асоцијацијата на европски кинотеки (Association des Cinémathèques Européennes – ACE), поддржана од програмата „Креативна Европа” – МЕДИА на Европската унија. Во рамки на овој проект, Кинотеката ги дигитализираше и дигитално ги реставрираше филмовите МИРНО ЛЕТО, ФРОСИНА, МЕМЕНТО и МИС СТОН, како и кратките етнолошки филмови МАРИОВСКА СВАДБА, ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ и РУСАЛИСКИ ОБИЧАИ.

„Сезоната на филмски класици” претставува уникатна можност за европската и светската публика повторно да ги открие ремек-делата на филмското наследство, со акцент на културната разноличност и историјата на филмот. До сега во рамки на овој проект Кинотеката ги дигитализира

Од своето основање, проектот овозможи реставрација и повторна дистрибуција на над 210 европски филмови, а оваа година низ програмата се претставуваат повеќе од 40 новореставрирани филмски дела од 27 европски филмски архиви. Во тој избор влегува и филмот МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА, како еден од најзначајните македонски филмови којшто го доловува историскиот и културниот контекст на нашата земја и кој претставува камен-темелник во развојот на националната кинематографија.

Со оваа проекција, Кинотеката се приклучува кон европската мрежа на институции кои го негуваат и промовираат филмското наследство, овозможувајќи старите филмови повторно да заживеат пред нови генерации гледачи.

Целата програма на проектот „Сезона на филмски класици” е достапна на следниот линк: https://ace-film.eu/wp-content/uploads/2025/04/A-Season-of-Classic-Films_Programme-catalogue-2025.pdf

Можете да прочитате

Нагло заладување и обилен дожд, снег на планините од четврток

Мицкоски: Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина

Кирил Џајковски, добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“: Се радувам што филмската музика добива заслужено внимание