Утрински Весник
Свет

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Soobrakajka.jpg
Dik 300x250 mk

Едно лице загина, а едно е повредено откако автомобилот во кој се возеле удрил во лос во близина на влезот во Националниот парк и резерват Денали на Алјаска, јави Си-Ен-Ен.

Судирот на возилото со лосот се случил околу 1 часот наутро во петокот, јужно од влезот на патот Денали Парк во близина на милја 235 од автопатот Џорџ Паркс, исто така познат како автопат Паркс, се вели во соопштението на паркот.


Возачот (24), кој бил од Бугарија, бил прогласен за мртов на лице место. Неговата сопатничка (24), која е од Северна Македонија, била однесена во болница во Фербенкс.

Националната служба за паркови го истражува инцидентот и соработува со бугарската амбасада за да го извести семејството на возачот.

– Судирот служи како потсетник за опасностите од дивиот свет по патиштата на Алјаска, соопшти паркот. „Лосовите, ирвасите и другите големи животни често се активни во зори, самрак и ноќни часови и може да бидат тешко видливи“, се додава.

Паркот ги повика возачите да забават во темница и да користат долги светла

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина