Утрински Весник
Македонија

Македонка пронајдена мртва во Италија, сопругот во бегство

Italija ubistvo.jpg

Четириесет и деветгодишната Саџиде Муслија од Македонија беше пронајдена мртва во својот стан во Пјанело Валесина, Италија, на 3 декември 2025 година. Телото било со видливи повреди на главата и други знаци на насилство.

Италијанските власти ја идентификуваа жртвата, а за главен осомничен за убиството е наведено нејзиниот 50-годишен сопруг, Назиф Муслија, кој моментално е во бегство. Полицијата спроведува интензивна потрага по него за да се расветлат околностите на трагичниот настан.

Истражителите соопштија дека се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста. Дополнителни информации се очекуваат со напредувањето на истрагата и потрагата по осомничениот.

Можете да прочитате

Средба Хоџа–Солстром: Шведска – клучен партнер во еколошките реформи

Македонец пронајден мртов после 22 години потрага

Експретседателот на скопскиот Основен суд се пријавил на огласот за државен јавен обвинител